×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Најдобрите песни од минатата година

    04.02.2013 10:44 | KumanovoNews

    Песната „Clocks“ на Колдплеј е прогласена за најдобра песна во последните 10 години според изборот на слушателите на британското радио BBC Radio 6 Music.

    Најдобрите песни од минатата година

    Хитот од 2003 година ја надмина химната на Арктик Манкис „I Bet You Look Good On The Dancefloor“ која стигна до второто место.

    Песната „Clocks“ е прв наш обид да направиме песна во која се почнува од мелодиската линија, а не од рефренот. Нашиот менаџер тврдеше дека песната никогаш нема да биде хит, а видете до каде не доведе таа нумера- вели Вин Чемпион од групата.

    Во анкетата учествуваа повеќе од 100.000 слушатели кои во текот на јануари ги бираа 100-те најдобри песни. Интересно е дека меѓу првите десет доминираат бендовите кои се добри концертни изведувачи.

    Најдобро пласираниот соло изведувач е Џони Кеш кој се најде на осмата позиција, благодарение на неговата верзија на песната „Hurt“. Меѓу пејачките, најдобро пласирана е Лана Дел Реј со песната „Video Games“ која стигна до 24 место, додека хитот на Ејми Вајнхаус „Rehab“ е на 25 позиција.

    BBC Radio 6 Music почна да емитува програма во Март 2002 година и според сопствената проценка, на крајот на минатата година ја надминаа бројката од милион емитувани песни.

    Ова се првите 20 песни:

    1. Coldplay - Clocks

    2. Arctic Monkeys - I Bet You Look Good On The Dancefloor

    3. Elbow - One Day Like This

    4. The National - Bloodbuzz Ohio

    5. The Killers - Mr Brightside

    6. The White Stripes - Seven Nation Army

    7. The Flaming Lips - Do You Realize??

    8. Johnny Cash - Hurt

    9. British Sea Power - Remember Me

    10. Radiohead - There There

    11. Muse - Supermassive Black Hole

    12. Arcade Fire - Wake Up

    13. LCD Soundsystem - All My Friends

    14. M83 - Midnight City

    15. Midlake - Roscoe

    16. Queens Of The Stone Age - No One Knows

    17. Sigur Ros - Hoppipola

    18. Morrissey - Irish Blood, English Heart

    19. Yeah Yeah Yeahs - Maps

    20 Bon Iver - Skinny Love