×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Најголемиот број од луѓето не можат да го поминат денот без да излажат, покажуваат истражувањата

    22.08.2020 11:48 | KumanovoNews

     Најголемиот број од луѓето не можат да го поминат денот без да излажат, покажува истражувањето на аБела ДеПаоло, коешто го направила во 1996 година.

    Најголемиот број од луѓето не можат да го поминат денот без да излажат, покажуваат истражувањата

    Во истражувањето биле вклучени 147 субјекти од 18 до 71 година.

    На испитаниците им било речено да водат дневник седум дена и во него да ја пишуваат секоја невистиина којашто ќе ја изговорат во текот на денот. Најголем дел од нив лажеле и повеќепати во денот, а според податоците лажењето секогаш доаѓало до израз ако разговорт трае повеќе од 10 минути. Во просек, се лажела секоја трета личност којашто ќе се сретнала во текот на денот.

    Сепак, позитивниот исход од ова истражување е тоа што во најголем дел биле бели лаги, односно кога на пример партнерот ќе ѝ рече на парнтерката дека вечерата е многу вкусна, а всушност не е. Како што покажува истражувањето, честопати белите лаги се друштвено прифатливи.

    Најчесто со нив се служеле во следниве четири ситуации: за да не се посрамат себеси, за да се намали можноста за некој конфликт, да се избегне неугоден контакт или пак да се прекине некоја врска.

    Иако станува збор за истражување коешто било спроведено во 96-тата година, сепак во овој момент психолозите велат дека лажењето е уште позастапeно, а како форма на лажење честоpати се практикува и лажењето на самиот себеси.