×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Највредните предмети на Витни Хјустон одат на аукција

    22.06.2012 07:37 | KumanovoNews

    Сите почитувачи на музиката на трагично починатата поп-дива Витни Хјустон, како и страсни колекционери, на 24 јуни ќе имаат можност на Беверли Хилс да купат некои од личните и вредни предмети на пејачката.

    Највредните предмети на Витни Хјустон одат на аукција

    Вкупно 44 предмети, вклучително фустани, накит, музички награди и некогашен пасош ќе бидат изложени и достапни на купувачите.

    Накитот што го носела Витни во филмот „Телохранител“, пар црни ракавици од видеоспотот „Најголемата љубов секогаш“, како и видеоснимката од нејзиниот погреб одржан во февруари, исто така, ќе биде на продажба. Предметите од претстојната аукција веќе добиле неколку понуди на интернет.

    Се претпоставува дека нејзиниот фустан од доделувањето на наградите „Греми“ во 1996 година ќе достигнат цена од 3.000 до 5.000 долари. Најмногу се очекува од продажбата на нејзиниот пасош, чија вредност се проценува на 6.000 долари. Пејачката го користела пасошот во периодот од 1979 до 1984 година.

    Обожавателите на „Телохранител“ ќе бидат импресионирани со понудата на накитот од овој филм, а ако сакаат да станат сопственици на прстенот и дијамантот, ќе мора да издвојат 4.000 долари.

    На аукцијата, која е дел од големата аукција на музичките икони, покрај личните работи, ќе бидат претставени и биографијата и фотографиите на Витни, додека во музичката програма ќе настапат Стиви Вондер, Арета Франклин, Алиша Кис и Р. Кели.