Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На модната недела во Њујорк својот ред го дочека и Zac Posen едeн од дизајнерите на топ 5 листата. На ревијата за пролет 2013 се појавила и Наоми, која по долго време не била во првите редови на ревијата туку на самата писта.
Ревијата на Zac Posen не донела премногу изненадувања во дизајнерска смисла, бидејќи познатиот Њујорчанин му останал верен на својот женствен стил кој не се плаши од бои ниту од ласкање на женската силуета.
Факторот на изненадување било појавувањето на Наоми по долго време, каде таа се појавила во улога на модел.
Во краток фустан со двократен ред, кроен фустан со нагласено деколте и струк со портокалово-виолетов цветен мотив, оваа убавица позната по својот темперамент и силен карактер без ласкање може да ја носи титулата - кралица на модната писта.