Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Спотот кој најголемата музичка ѕвезда Тоше Проески го снимил пред осум години за песната „Жао ми је“, ќе биде претставен пред македонската публика во наредниот период.
Се работи за спот снимен пред осум години во кој се појавува и поранешната мисица на Македонија, Сара Леши.
Бевме во една продуцентската куќа да се договориме за некои проекти поврзани за постхумната кариера на Тоше. Додека разговаравме со челните луѓе на продукцијата, тие прашаа што да прават со спотот што го снимиле за песната „Жао ми је“ и кој досега не бил пуштен во етер. Првин го погледнавме и можам слободно да речам дека Тоше никогаш не изгледал толку добро како во тоа видео издание. Моментално се доработува, односно заднината на снимката, а за тоа ќе се погрижи „Аворд продукција“, вели Славен Ристески од интернационалната фондација „Тоше Проески“.
Тоа е единствената композиција од албумот на Тоше од 2005 што нема македонска верзија.
Оваа песна многу му се допаѓала на Тоше па затоа и бил веднаш направен видео запис за неа.