Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Првото автобиографско дело на ракометарот Кирил Лазаров ќе биде промовирано утре, но на неговата веб страна веќе осамна насловната страна на книгата „Седум“.
Денес преку Љубљана, репрезентативците се враќаат во Скопје и веднаш во вечерните часови ќе имаат тренинг, како подготовка за мечот со Португалија, каде што со победа репрезентацијата по трет пат ќе се пласира на Европско првенство.
Во најавата за промоцијата се вели дека на неа ќе присуствуваат видни личности поврзани со ракометот, со кариерата на Лазаров и негови лични пријатели. Ова дело претставува убава можност за секој млад заљубеник во спортот и буквално во ракометот, да се запознае со тајните и деталите кои Лазаров го доведоа во големото спортско семејство на Барселона.