Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Научете на време да ги препознаете работите кои не се под ваша контрола, така ќе избегнете многу разочарувања, многу лажни надежи, кои всушност и не се надежи туку заблуди кои веднаш на почетокот требале да ви бидат јасни.
Научете да се носите со работите кои не можете да ги смените, тоа е тајна на животната среќа.
Лажат оние кои изобилуваат со празни зборови и површни дефиниции за среќа, а зад нив се наоѓа само празна приказна.
Треба да научиме да се носиме со работите кои не се под наша контрола, а таквите работи се на секој чекор. Треба да се оди напред и тогаш кога се чини дека натаму нема пат, да не се размислува за минатото и тогаш кога е толку силно во вас и ви набива милион работи на нос.
Да знаете да се носите со работите кои не можете да ги смените е животна мудрост. Не можете со глава низ ѕид, ѕидот ќе остане, но вас повеќе ќе ве нема.
Не ви се потребни стотини семинари со мотивациски пораки да мислите позитивно кога работите кои се вон ваша контрола и понатаму ќе останат непроменети, било како да размислувате.
Научете на време да ги препознаете работите кои не се под ваша контрола, така ќе избегнете многу разочарувања, многу лажни надежи, кои всушност и не се надежи туку заблуди кои веднаш на почетокот требале да ви бидат јасни.
Набљудувајте го од страна вашиот живот, анализирајте ги важите желби и очекувања, разберете дека вашето видување на светот не е тој свет, размислете за своите способности и можности, препознајте ја разликата помеѓу сонот и реалноста. Прифатете го сето тоа.
Треба време да се соочите со реалноста, треба да дојдете до тие болни точки во себе и да поминете преку нив. Со избегнување на реалноста нема да стигнете далеку.
Кога ќе научите да се носите со работите кои не можете да ги промените, ќе видите дека секој ден може да биде убав, ќе откриете толку убавини во светот околу себе, ќе почнете да се запрашувате зошто толку негативности сте собирале во себе.
Ако се прашувате како да се носите со работите кои не можете да ги промените, само донесете одлука, и веќе половина од работата е завршена.
Продолжете да одите по тој пат и гледајте како вашиот живот се менува.
(извор.атма.хр)