Мени

Не ми треба маж за да бидам среќна

02.07.2012 08:28 | KumanovoNews

Пејачката Кејти Пери, која се разведува од британскиот комичар Расел Бренд, изјавила дека не и' е потребен маж да ја усреќи, зашто тоа може и сама да го направи.

Не ми треба маж за да бидам среќна

Кејти беше во брак со Расел Бренд 14 месеци и тврди дека од тоа научила една важна работа. „Ја сум дел од модерна бајка. Не ми треба принц за да живеам среќно до крајот на животот. Среќен крај можам да направам и сама“, рекла Кејти.

Оваа 28-годишничка рекла дека сепак верува во љубов и се надева дека еден ден ќе има семејство.

Сакам да станам мајка, но сега не е вистинскиот момент. Детето не треба да добие дете, а јас сум навистина детиште. Сепак, не се плашам повторно да се вљубам, дури сум и возбудена во врска со се' што носи иднината-додала пејачката.