Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Љубовта е најубавото нешто кое еден човек може да го доживее, кое му дава чувство на припадност, убавина и спокојство.
Меѓутоа со текот на времето, здравата љубов знае да премине во нездрава љубов, која на крајот завршува со изневерување, а истото може да заврши и со трауматични последици.
Еве, неколку одговори за тоа кога луѓето изневеруваат, од истражувањата на псисохозите:
1. Кога им е потребен пријател
Честопати знаеме поради презафатеноста на работата или пак сконцентрираноста на себеси да го занемариме партнерот/партнерката. а со тоа и да престанеме да му бидеме пријатели. Во тие мигови, најчесто нашата сакана личност се приклонува кон неговиот најблизок пријател, затоа што на сите понекогаш ни е потребно „рамо за плачење“ и наједноставен разговор во мирна атмосфера. Истражувањата покажуваат дека најдолготрајни врски се оние во кои партнерите се пријатели еден на друг.
2. Кога сексуалните односи стануваат рутина
Овој проблем најчесто настанува кога во врската се појавува монотонијата. Препораката на психолозите е да се пронајде страста, но не во туѓ кревет, туку во скриените мисли на својот партнер.
3. Изговор за прекинување на врската
Исто така изневерувањето се случува доколку во врската се појавуваат премногу проблеми кои на ниту еден начин не можат да се спречат, а на врската никако не и` доаѓа крај. Партнерите во тој случај го преземаат овој чекор,, затоа што со таа постапка знаат дека веќе нема назад.
4. Изневерувањето може да биде повик за помош
Најчесто кога партнерите се наоѓаат и во емоционална монотонија, односно кога веќе се во состојба кога се` им е сеедно и во врската и во животот, психолозите веллат дека партнерите посегнуваат по „нешто забрането“, кое ќе им донесе чувство на живот. Пасивната сотојба, научните студии ја каратеризираат како состојба на смрт, па затоа најчесто врските се уништуваат кога почнуваат да стануваат монотони.
5. Љубопитност за нешто ново
Денешната преголема изложеност и достапност на се`, а притоа и брзиот начин на животот, кај секој човек почна да ја намалува желбата за „борбата за партнерот“. Денес, врските почнаа да завршуваат со речениците: немам јас нерви да се "оптеретувам" и со тебе. Љубовта како да стана вишок во новото време.
6. Несигурност
Специјалистот за бракови, Арон Андерсон вели дека најчесто изневеруваат луѓето кои не се сигурни во себеси. Намаесто да ги поправат и да поработат на своите несигурности, тие ги кријат со тоа што ќе преземат чекор кој ќе ги направи похрабри.
7. Одмазда
Исто така, најчесто изневерувањето настанува кога партнерите се обидуваат да се одмаздат еден на друг, односно кога поради некој поголем проблем, партнерот сака да му докаже на другиот дека не може тој да ја има сета контрола. Одмаздата не се случува само кога едниот партнер се одмаздува за извршшената прељуба.
Доколку се наоѓате во врска во која сте биле изневерени, психолозите препорачуваат да не си заминете без да го поставите прашањето „зошто“, затоа што во текот на наредните врски постојано ќе стравувате дека може да ви се случи истото.