×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Некст тајм“ освои Гран при во Хрватска

    25.07.2012 07:28 | KumanovoNews

    Македонското рок-дуо „Некст тајм“ со песната „Недостајеш ми веќ“ освои прво место и Гран при награда на реномираниот интернационален фестивал „Марко Поло“ во Kорчула, Хрватска.

    „Некст тајм“ освои Гран при во Хрватска

    Браќата Мартин и Стефан, покрај главната награда освоија и второ место со хрватската верзија на песната „ Последно од нас“, со која се претставија на втората интернационална вечер на „Марко Поло“.

     Горди сме што успеавме да се вратиме назад, не со една, туку со две награди, меѓу кои и Гран при, што сигурно би претставувало голема чест за кој било изведувач, што има можност да ја претставува нашата земја и надвор. Целта кон која постојано се стремиме е наша промоција подалеку од домашни рамки, а ова лето во Хрватска на фестивалот „Марко Поло“ добивме уште поголема сатисфакција да работиме повеќе и да ја промовираме нашата музика и на македонската сцена, но и што пошироко - велат момчињата од „Некст тајм“.

    Меѓународниот хрватски фестивал „Марко Поло“ или уште попознат како фестивал на песната и виното, има традиција од 1996 година. Освен внимателно направената селекција на композициите за изведба, организаторите прават и промоција и дегустација на вина од многу земји.

    Секоја година во јули туристите на Kорчула уживаат во убавите песни и вина. „Некст тајм“ во меѓувреме продолжуваат да работат на нови композиции и да настапуваат низ целата земја.