Некст Тајм снимија видео запис за „Некст Тајм“
08.01.2013 09:44
| KumanovoNews
По пауза од осум месеци, братското дуо Некст Тајм го промовираше новиот видео запис за темата „Некст Тајм“.

Станува збор за провокативен видео спот во кој две заводливи девојки се борат во кал, моторџии се обложуваат на една од нив, а Марко - „Тротоар“ е тапанар во бендот кој свири. Видео записот го изработи „Томато Продукција“, а песната насловена како „Некст тајм" се наоѓа на вториот албум на дуото и е авторско дело на Лазар Цветкоски.
За аранжманот се погрижија Лазар и Мартин, а Стефан и Магдалена Цветкоска Ена го напишаа текстот.