Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По две години пауза од издавањето на албумот „На крајот од денот“, рок-дуото „Некст тајм“ се враќа на македонската музичка сцена со нов сингл, насловен „Светот во раце“.
Песната е авторско дело на Мартин и Стефан, тие ја напишаа музиката, текстот е на Стефан, а аранжманот и продукцијата се на Лазар Цветкоски.
Се одлучивме за песна со брз ритам, но и мелодија и текст што ќе допрат до секого, а тоа секогаш е добитна комбинација за хит. Секогаш сум пишувал текстови што сум ги почувствувал на своја кожа, па тоа е случај и во овој сингл. Мислам дека преку искрени зборови секој може да ја почувствува песната - изјави Стефан.
„Некст тајм“ најавува и видеозапис за „Светот во раце“.