Необјавена песна на Џенифер Лопез
23.04.2013 08:02
| KumanovoNews
Деновиве се појави до сега необјавена песна на латино дивата Џенифер Лопез настаната уште во 2009-та година.

Станува збор за песната What Is Love (Part II), за која се смета дека е продолжение на истоимената песна која Џеј Ло ја испеа за потребите на филмот The Back-up Plan.
Светските медиуми шпекулираат дека Џенифер наскоро ќе издаде нов албум на кој ќе работи познатиот продуцент RedDone, кој го напиша и еден од нејзините најголеми хитови Dance Again.