Мени

Неша Бриџис со стенд-ап комедија во НА-МА

12.03.2014 10:43 | KumanovoNews

Овој четврток во Ноќен Клуб НА-МА гостува стенд ап комичарот Неша Бриџис, човекот кој по сопствено признание со комедијата се занимава од своето раѓање.

Неша Бриџис со стенд-ап комедија во НА-МА

Еден од најпознатите комичари во Србија познат по имитации и изведби, чии настапи во најголем број се однесуваат на имитација на реални настани и ликови ќе ги забавува кумановчани.

Автор е на на модерна шансона "Kamičak i bjela roljetna" како и хитот на Youtube "Riki Martine" кој имаше повеќе од милион прегледи.

Забава започнува во 21 часот,  а ќе трае до раните утрински часови.