×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Невестата бегалка му се врати на Хју Хефнер

    04.06.2012 07:33 | KumanovoNews

     Кога се разделија во јуни минатата година, Кристи на медиумите им изјави дека сексот им траел само две секунди.

    Невестата бегалка му се врати на Хју Хефнер

     Сега повторно се во љубовна идила. Хју Хефнер и се врати на својата љубов, откако таа го остави на само пет дена пред нивната венчавка. Кристи Харис и големиот плејбој потврдиле дека се повторно заедно.

    Тие беа верени во 2010 година, а требаше да направат свадба јуни 2011 година. Кристи доби насловна страница на Плејбој, по што изданието беше повлечено од печат, а откако на насловната страница се додаде наслов Невестата бегалка, беше повторно вратено во продажба.

    Хефнер минатата година на својот Твитер извести дека невестата го оставила, а сега повторно објави дека се заедно.

    Никој не треба да се зачуди што се смиривме со Кристи Харис. Познат сум по тоа дека останувам пријател со поранешните девојки - напиша Хју на неговиот профил.

    И Харис одлучи да објасни дека таа е девојката број еден во животот на сопственикот на Плејбој.

    -Да, јас и Хефнер сме повторно заедно. Јас сум му девојка број еден. Среќни сме- пишува таа.

    Кога се разделија во јуни минатата година, Кристи на медиумите им изјави дека сексот им траел само две секунди. Сега повторно се во љубовна идила.