Никол стана принцеза
Првите фотографии од продукцијата на најновиот биографски филм Grace of Monaco за покојната принцеза Грејс Кели од Монако се објавени за фановите.

Главната улога на Грејс Кели и е доделана на оскаровката Никол Кидман, а првите сцени со неа веќе почнаа да се снимаат на повеќе локации во Франција. Филмот не ја раскажува целосната животна приказна за актерката која подоцна стана принцеза на Монако, туку е фокусиран на одреден период од почетокот на 60-те години од 20 век. Филмот ќе ги следи тензиите помеѓу нејзиниот сопруг принцот Рение и Шарл де Гол претседателот на Франција. Режисер на филмот е Оливие Дан, кој веќе го режираше биографскиот филм за Едит Пјаф, La Vie En Rose, а покрај Кидман во останатите улоги ќе имаме можност да ги видиме и актерите Тим Рот, Френк Ланџела, Паркер Поси и Паз Вега која ќе ја глуми оперската пејачка Марија Калас. Премиерата на Grace Of Monaco се очекува во 2014-та година.
Погледнете како изгледа Никол Кидман во улогата на Грејс Кели.