×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Николсон заминува во пензија

    05.09.2013 08:37 | KumanovoNews

    Оскаровецот Џек Николсон ќе замине во пензија и повеќе нема да снима филмови, затоа што има проблеми со помнењето на дијалозите, тврди интернет сајтот „Радар Онлајн“.

    Николсон заминува во пензија

    Џек се пензионира без фанфари.

    Има една едноставна причина за неговата одлука, а тоа губењето на меморијата. На 76-годишна возраст Џек има проблеми со меморијата и веќе не може да се сети на репликите-додаде изворот.

    Блескавата кариера на Николсон вклучува три награди Оскар, од кои две за најдобар актер во „Лет над кукувичиното гнездо" и „Колку толку", како и статуетка за најдобар машка улога за неговата вмешаност во „Зборови на љубовта" од 1983 година.

    Николсон изјави дека неговата улога на Џокер во филмот „Бетмен" на режисерот Тим Бартон од 1989 година е неговата омилена улога.

    Последниот филм кој го сними е „Како да дознаам" од 2010 година, во кој глумеше заедно со Рис Витерспун, Пол Руд и Овен Вилсон.