Нино чека визи за Америка и Австралија
25.02.2010 12:12
| KumanovoNews
Нино Величковски во нередните три месеци има покана да гостува во Канада и Австралија. На барање на Кумановското друштво на иселеници во Торонто, Нино и Кумановски тамбураши треба да одржат неколку концерти од 25 март до 5 април.

-Второто патување е предвидено за во мај во Австарлија, зедно со колешката Анета Наковска. Треба да одржиме концерти во 7 градови. Дали ќе заминеме на турнејата зависи дали ќе добиеме визи. Денеска заминувам за Белград во амбасадите, потоа ќе ги организираме другите детали - вели Нино.
А.Илиќ