Мени

Нино и Алт`н во Баба Цана

22.10.2014 11:05 | KumanovoNews

Нино Величковски и групата Алт`н утре ќе настапат во етно-ресторанот Баба Цана.


Нино и Алт`н во Баба Цана

По повод Денот на македонската револуционерна борба, во нашиот ресторан ќе гостува победникот на фолк-фест Валандово Нино Величковски со новиот состав Алт`н. Ги повикувам нашите сограѓани и гости, да дојдат и празнично да се дружиме во дневна шема од 14 до 18 часот, - вели Тони Димитриевски Шеик, сопственик на ресторанот.

Вечерва во Баба Цана ќе гостува Стефче Стојковски и група Тоска,  со изворна македонска музика , звуците на гајдата, кавалот, тамбурата и тапанот.