Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Нино Величновски и Кумановски тамбураши, утре ќе имаат целовечерен концерт во црквата „Кирил и Методиј„ во Париз.
Тие во Париз ќе гостуваат како дел од делегацијата со градоначалникот Зоран Дамјановски, кој треба да прими награда за развој на културата Југо-Источна Европа што ја доделува фестивалот за кинематографија “SEE a Paris”. По тој повод ќе се организира кумановска вечер на музика и култура.
Навистина е големо задоволство ние да ја претставиме кумановската, пред се македонската култура во градот на светлината. Париз е предизвик за секој уметник. Ќе настапиме во црквата Свети Кирил и Методиј со наши изворни кумановски и македонски песни, новосоздадената музика, а ќе има и репертоар од бившите југословенски простори. Нашиот репертоар е малку поширок. Ние сме мултиетнички град. Ќе го прикажеме широкиот колорит на градот од кој доаѓаме - изјави Нино Величковски.
Тој спомена дека и претходно имале средби со познати француски уметници и тие биле воодушевени од нашата музика.