×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нино слави 30 години успешна кариера

    13.06.2013 14:36 | KumanovoNews

    Фолк пејачот Нино Величковски одбележа три децении музичка кариера со промоција на јубилејното цд “30 години со Нино, песни, љубов и вино“, а воедно на фестивалот Валандово се закити со награда за интерпретација за песната “Остави се“.

    Нино слави 30 години успешна кариера

    Јубилејното ЦД содржи избор од 34 композиции. Публиката низ цела Македонија го препознава Нино по неговите хитови “Бабино девојче“, “Свирете ми тамбури“, “Стар беќар„, “Да е жив Батко Ѓорѓија“, “Много тешко да си зет“ и многу други песни. Тој вели дека стилски фолк музиката во последниве десет години претпрела многу промени, но неговите песни ќе останат евергрини и ќе се слушаат уште долго.

     Никако фолкот не умре како што некои се обидуваат да кажат. Посебно Валандово даде белег сиве овие 29 години за новосоздадената песна. Тоа беше една брана за она што јас го викам шунд или турбо фолк во негативна конотација. Тоа е еден правец кој е далеку од македонската изворна песна. Во Македонија ќе копнете, секаде ќе најдете музика. Наместо на таа база да правиме музика, да се инспирираме, ние тргнуваме во друг правец. Успеав да го задржам нивото, да ја сочувам мојата публика. Последниве 15 години работам со Миле Барбаровски и Огнен Неделковски. Дојдов до заокружување на кариера од 30 години и уште сум активен, не застанувам, работам со моите тамбураши и со октетот не е завршено. Песната останува, песната е како нова рожба, како нова љубов - вели Величковски.

    Јубилејното ЦД Нино Величковски ќе го промовира пред кумановци во рамки на Тамбурашкиот фестивал на 23 август годинава. Тој сесрдно им се заблагодарува на сите автори со кои соработувал, а соработката вродила со бројни награди и 25 учества само на фестивалот Валандово.