×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нино Величковски освои второ место на “Охрид фест“

    23.08.2012 06:55 | KumanovoNews

    Со песната “Животот е како река“ на фолк вечерта во понеделник Нино Величковски настапи на “Охрид фест“ и се пласираше на второто место.

    Нино Величковски освои второ место на “Охрид фест“

    За првпат соработувам со Ивана Катареновска која го напиша и текстот и музиката. Аранжманот е на Тане Петров, колега од групата “Био ритам“. Оваа песна е напишана баш како за мене. Второто место од стручното жири ми дава една надеж дека фестивалот навистина чекори напред, имаше поголема конкуренција со пејачки имиња како што е Наум Петрески, Зуица Лазова, Виолета Томовска, Елена Георѓиева, да не ги набројувам сите. Го ценам изборот на жирито и наградата. Овој пат настапив сам без моите тамбураши. Секогаш кога имам добра песна понудена прифаќам - вели Нино Величковски.

    Величковски планира 30 годишната музичка кариера да ја заокружи со издавање на албум и Монографија. На охридскиот фестивал досега настапувал десет пати. “Валандово“ и “Охрид фест“ се фестивали на кои Величковски најчесто се појавувал и најмногу ги цени бидејќи смета дека се манифестации со реноме.