Нино Величковски слави 30 годишен јубилеј
07.06.2013 14:09
| KumanovoNews
Во ресторанот “ФУК ТАК“ во Дојран, утре естрадниот уметник Нино Величковски ќе прослави 3 децении успешна кариера и ќе го промовира јубилејното цд “30 години со Нино, песни, љубов и вино.
Носечка композиција на цедето е “Биди ми бисер“. Советот на фестивалот Фолк фест Валандово 2013 и Нино Величковски ги покануваат сите љубители на музиката да присуствуваат на промоцијата.
Настанот ќе започне напладне.