Нино за Нова година во „Москва„
27.12.2014 10:39
| KumanovoNews
Нино Величковски за пречек на Нова година ќе пее во ресторанот „Москва„, кој работи во состав на Славјанскиот факултет во Свети Николе.

Нино ќе настапи со оркестарот Овчеполски свадбари.
Во ресторанот „Москва„ имам настапувано и порано, но првпат ќе пејам за Нова година.Се работи за прекрасен угостителски објект со капацитет од околу 400 луѓе. Знаејќи ја публиката пред која ќе пејам, знам дека ќе направиме луда забава која долго ќе се памети,- ветува Нино.
Тој ќе пее во „Москва„ и за репризата на новогодишната ноќ на 1-ви јануари.