Мени

Нивеа и даде отказ на Ријана

09.08.2012 07:44 | KumanovoNews

Штефан Хајденрих, директорот на компанијата Beiersdorf, која е задолжена за брендот Нивеа, вели дека Ријана добила отказ бидејќи нејзиното однесување лошо влијае на имиџот на Нивеа.

Нивеа и даде отказ на Ријана

Рекламите со Ријана се повлечени. Не разбирам на кој начин Нивеа може да се поврзе со пејачката. Нивеа е компанија која означува доверба, семејство и сигурност–изјавил Хајденрих.

Оваа одлука на челникот на Нивеа доаѓа после низа скандали во која главен актер беше младата пејачка – фатена како шмрка кокаин, пуши марихуана и фрла долари на стриптизети.

Нивеа беше главен спонзор на турнејата на Ријана – Loud, додека песната California King Bed се најде во неколку реклами на овој бренд. Таа се појави во рекламата по повод 100 години нега на кожата.