„Нокаут“ ќе пее за 11 Ноември
27.10.2017 14:32
| KumanovoNews
Групата „Нокаут“, Бени Шакири, Ивона Јовановиќ, Мартинијан Кириловски и Марио Ангеловски ќе настапат на градскиот плоштад во Куманово, по повод Денот на градот - 11 Ноември.

Концертот ќе се одржи во предвечерјето на празникот, на 10 ноември, со почеток во 20.30 часот, а ќе трае три часа, по што ќе следува голем огномет.
Одбележувањето на Денот на градот ќе започне од први ноември со низа на спортски и културни манифестации, а ќе заврши со свечена академија на денот на ослободување на Куманово -11 Ноември.