Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Спотот за песната „Знаеш каде да ме најдеш“ на македонската група Нокаут ќе ја добие и својата светска премиера на веб страницата на музичката телевизија MTV.
Спотот, кој беше снимен во живо на нивниот концерт на 28 декември 2011-та година во Метрополис арената, премиерно беше емитуван вчера (27-ми април).
Овој видео спот им го посветуваме на нашите фанови кои дојдоа на концертот, но и на сите оние кои неуморно работеа и помогнаа сето тоа така да изгледа и звучи, изјавија Пере и Франц.
Автор на музиката е Никола Перевски - Пере, а текстот го напиша Владимир Поп Христов - Мио. Тие двајца заедно со Владимир Крстевски - Франц работеа и на аранжманот, а режисер на спотот е Иван Чунихин.
Светската премиера на официјалниот сајт на MTV го означува почетокот на нивната соработката со телевизијата.
Имено скопскиот бенд оваа година слави 15 години постоење.