Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членовите на групата Нокаут добија награда од 60.000 денари и право да одржат концерт во Универзалната сала во Скопје.
Песната на македонскиот поп состав Нокаут е избрана за Апсолутен радиски хит на Македонскиот радиски фестивал Марс 2013.
Во Универзалната сала во Скопје продефилираа наслушаните македонски изведувачи чии песни се најслушани на радио станиците и најмногу се вртеа во етерот.
Наградата Радиски хит од машки вокал му припадна на Димитар Андоновски со Месечина, а за женскиот вокал на Тамара Тодевска со Само сакав да.
Роберт Билбилов (ft. Дон) со Ти се промени (Радиски хит во 2013), Бени и Нон-Стоп со Љубов (Радиски рок хит), Дарко Илиевски со Не е фер (Балада на годината), Ај Кју и Марија со Боби, баш ми е гајле (Нови ѕвезди), Слаткаристика со Само добро да е (Рап, хип-хоп и аренби хит), Есма и Лозано со Пред да се раздени (Случајни партнери – дует на годината), Влатко Илиевски со Само за неа (најдобар текст на песна), Тајзи со Регетон (Избор на публиката и Ѕвезда што се раѓа).
Наградата Трајни вредности и припадна на легендарната Лева патика, а Ѕвезди од соседството се Јелена Розга од Хрватска и Владо Георгиев од Србија.
Настанот Марс 2013 и годинава, по 6-ти пат, се одржа во Универзалната сала.