Мени

Номинации за Златен Глобус

13.12.2013 08:17 | KumanovoNews

Филмовите "12 Години роб и Американска измама" добија најмногу номинации за наградата Златен Глобус во вкупно седум категории.

Номинации за Златен Глобус

"12 Години роб" е номиниран во категориите за најдобра драма филм, најдобар актер, спореден актер, најдобра споредна актерка, најдобро сценарио, режија и оригинална музика.

Во филмот играат актерите Ќиветел Еџиофор, Бред Пит и Мајкл Фецбендер.

Со исти номинации е награден и филмот "Американска измама" во кој глумат Кристијан Бејл и Бредли Купер.

За овој филм се зборува дека е и кандидат за наградата Оскар.

Филмот "Гравитација" доби четири номинации во категоријата за најдобар филм, актерка, режија и музика.

Останатите номинирани филмови беа "Капетан Филипс, Небраска, Филомена, Вол Стрит 2" и други.

Добитниците за наградата ќе бидат прогласени на 12ти јануари во новата 2014 година.