Ноне се откажа од пејачката кариера
31.10.2012 08:09
| KumanovoNews
Велешанката Нонe Неделковска уште пред да замине на работа на брод имаше изјавено дека сите пари што ќе ги заработи ќе ги вложи во кариерата, но овој пат порешителна од секогаш, таа се повлекува од естрадата и јавниот живот во Македонија.

Кога пред месец дена се врати од крстарењето, изјави дека повторно ќе ја напушти државата. Кога ѝ беше побарано интервју за да ги каже нејзините идни планови, таа одби бидејќи веќе се повлекла и повеќе не ѝ е забавно тоа поле, потенцирајќи дека сега ужива и не се нервира.