Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новиот албум на поп-дивата Калиопи, насловен Мелем, откако беше промовиран пред голем број пријатели, соработници, фанови, културни и јавни работници, политичари, се најде во продажба.
На албумот се десет песни, а секоја од нив има наслов од еден збор.
Албумот носи авторски потпис на Ромео Грил, отпеан е на српски јазик и Калиопи со него има намера да го освои Балканот.
„Мелем“ би го опишал како „враќање кон публиката“. Направивме песни што можеби ги пееме приватно за себе. Има композиции за кои претходно верувавме дека не би ги ставиле на плоча. Бајага во еден свој стих вели „секогаш с` завршува со некоја од нашите песни“. Си рековме ајде ќе ставиме такви нумери на плочата кои што ги пееме за своја душа. Работевме на албумот без оптоварување дали тоа што го создаваме е уметност, колку на некој ќе му се допадне или колку ќе биде комерцијално - изјавил Ромео Грил.
На вчерашната промоција на албумот, беше претставен и новиот спот за темата „Мрвица“