Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од денеска официјално е достапен новиот албум на бендот Суперхикс.
Четвртиот албум е насловен „Африка“, по истоимениот сингл кој всушност го најави ова издание на кое се наоѓаат познатите големи хитови „Ти треба некој“, „На лута рана“ и секако „Африка“. Материјалот се подготвуваше во изминатите две години во студијата Супернова и Марифет, сниматели се Гоце Симоноски, Ивица Јанкуловски и Бојан Угриновски, а како микс-мајстор и продуцент се потпишува Гоце Симоноски. Гости на албумот се диџеј Славе, Нелектроник Гуру и женскиот хор The Incredibless. Дизајнот на обвивката е на Марија Чолкова.
Материјалот е достапен за бесплатно симнување во дигитален формат на страниците на регионалниот музички канал MTV, а албумот воедно е и дел од славењето на нивното полнолетство, чија кулминација ќе биде на 1-ви декември кога бендот ќе направи ска-панк експлозија во Метрополис арената во Скопје.