Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изгледа дека нема да има генерација која нема да знае за кинескиот кунг-фу мајстор Брус Ли, особено откако по цели 40 години пауза од филмското платно, тој повторно се јавува, но овој пат во документарец за него.
Документарецот со наслов „Јас сум Брус Ли“ го прави неговата ќерка Шенон Ли, а во него ќе можеме да погледнеме сцени, исечоци од филмови и други делови од неговиот живот, но и дискусија за дел од неговите дела.
Филмот ќе ја одбележи 40 годишнината од неговата смрт за која официјално стои дека настана од церебрален едем, но има безброј теории од обожавателите во кои се вели дека тој бил убиен. Брус Ли е починат на возраст од 32 години како татко на две деца.
Во филмот „I am Bruce Lee“ се појавуваат многу луѓе, од Џеки Чен и Џет Ли до кошаркарот Коби Брајант и Black Eyed Peas.