Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ален, кој оваа година доби "Оскар" за најдобро оригинално сценарио за филмот "Полноќ во Париз", минатиот месец го претстави својот нов филм "За Рим со љубов", во кој глуми Пенелопе Kруз.
Австралиската актерка Kејт Бланшет и Британката Сели Хокинс ќе играат во новиот филм на Вуди Ален.
Актерката Хокинс, која е позната по улогата во филмот на Мајк Ли-Happy Go Lucky и која одигра мала улога во филмот на Вуди Ален "Сонот на Kасандра", ќе глуми невротична жена, која е забавна и малку несмасна.
Ѕвездата на серијалот "Мамурлак" Бредли Kупер, исто така, ќе се појави во ова остварување на Вуди Ален, а Бланшет и Сели Хокинс ќе ги толкуваат главните улоги во филмот.
Филмот ова лето ќе биде снимен во Сан Франциско и во Њујорк.