Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонскиот продуцентот Јорго Огненовски, по потекло од Битола, ќе снима филм за нашата најголема ѕвезда и најдобриот вокал на Балканот, Тоше Проески и неговиот трагично прекинат живот.
Огненовски е продуцент, сценарист, директор и актер, а зад себе веќе има снимено четири филма во Холивуд. Јорго работи на сценариото за новиот филмски проект, во кој главна ѕвезда е десетгодишно дете со исклучителна дарба за пеење, кое е сираче и подоцна е посвоено од родители Американци.
Филмот ќе биде снимен во Битола и низ градовите во Македонија, а од познатите имиња се спомнуваат Ал Пачино, како и Опра Винфри за учество во проектот.