Мени

Нов филм со Мерил стрип

28.09.2013 15:33 | KumanovoNews

Познатата глумица Мерил Стрип можеме да ја видиме како злобна вештерка во познатиот Бродвеј-мјузикл, Into the woods.

Нов филм со Мерил стрип

Од сликите кои Дизни ги објави можеме да ја видиме Мерил Стрип како злобната вештерка, Крис Пајн како Принц и Ана Кендрик како Пепелашка.

Приказната во филмот е фокусирана на дообработката на познатите детски книги Пепелашка, Црвенкапа и Златокосата убавица, каде Злобната Вештерка постојано настојува да им нанесе зло на ликовите.

Филмот е во режија на Роб Маршал, а сценариото на Џејмс Лапин.

Во останите улоги ќе се појават и познатите актери Џони Деп, Били Магнусен, Емили Блант и Џејмс Корден.

Овој бродвејски филмски мјузикл во кино салите ќе се појави по 25 декември, наредната година.