×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нов филм за Џулијан Асанж

    24.01.2013 10:38 | KumanovoNews

    Почна снимањето на долгоочекуваниот филм за Џулијан Асанж, под назив „ Fifth State“ во режија на Бил Кондон.

    Нов филм за Џулијан Асанж

    Во филмот за контроверзниот веб сајт „Викиликс“ главната улога ја игра Бенедикт Камбербач, познат по улогата на Шерлок Холмс во новиот серијал на Би-Би-Си.

    „Fifth State“ почнува со прикажување на првите денови на „Викиликс“ и односот помеѓу Џулијан Асанж и Даниел Домшајт-Берг (Даниел Брул), па се до објавувањето низа контроверзни информации и документи кои ја променија официјалната историја.

    Можеби ќе поминат децении се додека не го сфатиме целосното влијание на Викиликс и начинот на кој внесе револуција и ширење на информациите“, вели Кондон. „Овој филм нема да се обидува да „соли памет“, ниту дава конечна пресуда, туку ја истражува целата комплицираност и предизвиците со кои денес се соочува транспарентноста на информациите и, се надеваме, да ги оживее и збогати разговорите кои веќе Викиликс ги испровоцира.

    Покрај Камбербач и Брул, во филмот играат и Лора Лини и Ден Стивенс.

    Џулијан Асанж и понатаму се наоѓа во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде се бори против екстрадицијата во Шведска.