×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нов роман на Христо Петрески

    04.04.2013 08:23 | KumanovoNews

    Издавачката куќа Фениксс, деновиве го објави новиот роман Дали го сакате Далии од писателот Христо Петрески.

    Нов роман на Христо Петрески

    Ова е негов трет роман, по романите Лифтот (не) е за двајцаа и Твоите = мои очи, со што се заокружува трилогијата негови романи посветени на градот Скопје. Инаку, третиот роман на Петрески, Дали го сакате Далии, е поделен на три дела: Бел градд, Црн градд и Сив градд, а на крајот има и бонус од четири белградски раскази.

    Како и во претходните романи, и во оваа најнова романескна книга, Петрески го истражува, опишува и демистифицира урбаниот живот и амбиент, со сите негови специфичности, нелогичности и тајни. Така, овојпат, главен лик е анонимниот но извонреден сликар Салвадор Дали, кој е всушност питач и живее во подрумите на скопската населба Капиштец. Салвадор своите ликовни дела ги подарува за топла чорба или чаша алкохол, а во Белиот, Црниот и Сивиот град се случуваат и безброј други несекојдневни нешта", велат од Феникс.