Нов сингл на Аврил Лавињ
10.04.2013 08:29
| KumanovoNews
Иако Аврил Лавињ уште минатата година објавувањето на новиот албум го најави за оваа пролет, а и првиот сингл насловен „Here’s To Never Growing Up“ беше најавен уште на почетокот на месец февруари, со големо задоцнување песната пристигна дури сега.

Кои се причините за доцнењето, сè уште не е познато, а не се познати ни детали околу новиот петти по ред студиски албум кој ќе го наследи „Goodbye Lullaby“ од 2011 година.
Новиот сингл можете да го преслушате во продолжение, а како што пишува магазинот Idolator, наскоро се очекува и текстуална видео верзија направена од фотографии кои ги праќале нејзините фанови.