Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во спотот кој се подготвуваше четири месеци Дарко е променет толку што едвај се препознава. Вчера се случи и долго очекуваната промоција на „Не е фер“.
Во киното Синеплекс во Сити мол, вчера беше промовиран спотот „Не е фер“ во кој глуми самиот пејач Дарко Иливески. Главната улога со него ја има Симона Аврамова, а видеото е во режија на Владимир Дади Ивановски.
Снимањето на видеото се случувало на неколку локации на Мавровско Езеро како и во стан на Водно, а за потребите на спотот Дарко се поправил повеќе килограми и извесен период морал да заборави на берберите и фризерите.