Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со филмска приказна во која се раскажани најголемите таги и радости во животот на еден човек, „Нокаут“ ја заокружува својата нова песна „Запомни, тоа е се' што имаме“ со видеоспот.
За идејата, концептот и целата реализација на спотот се погрижи тимот на „Горила продукција“, предводена од режисерот Владимир Ивановски-Дади. Песната, која беше промовирана неодамна, ќе биде дел од албумот на кој бендот полека, но сигурно работи и кој наскоро ќе биде издаден.
Во меѓувреме, „Нокаут“ најавува концерт во Битола, каде што покрај старите добро познати хитови, на ракометното игралиште во градот на конзулите в среда (10 јули) ќе ги отпеат и новите песни. Концертот, кој е дел од битолското културно лето „Бит фест 2013“, ќе почне во 22 часот, а организаторите „Горила продукција“ на барање на момците од „Нокаут“ обезбедија и домашна поддршка од битолските бендови „Паркети“ и „Промашена инвестиција 3,14“.