Нов спот на Ту-Челос
Популарното хрватско дуо 2Cellos кое доживеа светска слава со нивната преработка на „Smooth Criminal“, го сними најновиот видео запис за легендарната „Highway to Hell“ од АC/DC во соработка со виртуозот на гитара Стив Вај.

Ова е првиот сингл кој го најавува нивниот втор албум насловен „IN2ITION“ кој ќе биде објавен во јануари следната година.
Дуото го придружува Елтон Џон на неговите турнеи, а истовремено е посветено на подготовките за новиот албум. Хаусер и Шулиќ изјавија дека иако најчесто обработуваат рок теми, сè уште свират и класична музика, а во иднина би сакале да направат концертна турнеја и со класична и со модерна музика. Покрај соработката со Стив Вај, на албумот ќе се најдат и соработки со Елтон Џон, Зукеро, Ланг Ланг, Скај Фереира и други музички артисти.