×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нов трејлер за крими-трилерот The Iceman

    16.01.2013 10:01 | KumanovoNews

    Millennium Films денеска го објави вториот трејлер за филмот The Iceman, кој е базиран на вистинска приказна за Ричард “The Iceman” Куклински.

    Нов трејлер за крими-трилерот The Iceman

    Тој водел двоен живот, односно бил платен убиец за мафијата, но и фамилијарен човек кој многу го сакал и почитувал своето семејство. Се верува дека Куклински во периодот од 1964 до 1986 година убил над 100 луѓе, вклучувајќи повеќе од 50 скитници пред да наполни 18 години. Неговата фамилија и соседи мислеле дека е просечен бизнисмен и немале идеја за неговиот двоен живот. Откако бил фатен Куклински изјавил дека не се кае за ништо, освен за болката која ја причинил на својата фамилија. Погледнете го трејлерот:

    Режисер на филмот е Ариел Вроман, додека сценариото, кое е базирано на биографијата The Iceman: The True Story of a Cold-Blooded Killer, го напиша Морган Ленд. Во улогата на убиецот Куклински се појавува актерот Мајкл Шенон, додека останатите улоги се на Реј Лиота, Винона Рајдер, Крис Еванс, Криста Кемпбел, Дејвид Швимер и Џејмс Франко. The Iceman својата премиера ја имаше на филмскиот фестивал во Торонто, додека во кино салите ќе се појави на 3-ти мај.