×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нова книга "Неколку денови од август"

    26.02.2013 09:23 | KumanovoNews

    Друштвото за издавачка дејност „Македонска реч“ од Скопје го објави романот „Неколку денови од август“ на хрватската новинарка и писателка Мирјана Дуганџија.

    Нова книга "Неколку денови од август"

    Романот „Неколку денови од август“, како што информира „Македонска реч“ беше сметан за едно од најдобрите прозни дела во 2011 година во Хрватска, беше финалист на четири високи награди.

    Во романот се раскажува за жена во средни години која во своите високи потпетици вешто одржува рамнотежа во животот и во пишувањето, во чии фрагменти се прелистуваат разни аспекти на нејзината егзистенција - љубовниот живот, новинарската кариера, семејната приказна, поранешниот брак, односот со синот, шопинг хистеријата...

    Во „Неколку денови од август“, пишува Миленко Јерговиќ, е собран животот на Мирјана Дуганџија и тоа во неколку различни слоеви.

    Првиот е приказната за жена што е во средни години, има син кој тукушто не одраснал, и по мачниот брак е во врска со оженет маж. Другиот е транзициска приказна за новинарка во една дисфункционална новинарска редакција и за обидите да се преживее во професијата која во Хрватска ја изгубила општествената смисла. Третиот е приказната за градското семејство за време на социјализмот, кое во нови услови и со малку искривен национален профил, ја дочекува староста. Четвртиот е роман за дваесетиот век, потрагата по семејниот идентитет, по судбините на тетките и стриковците, чиишто лица бледнеат во семејните албуми, пишува Јерговиќ.