Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ често знае да ги изненади своите фанови, со кои одржува редовен контакт преку социјалните мрежи, со некој неочекуван потфат.
Инспириран од генијалната изведба на битбоксерот Том Тума, Новак се обиде и самиот да имитира звуци на тапани и уште на по некој инструмент.
Во описот на видеото напиша: „Том ме инспирира и самиот да се обидам во битбокс. Што мислите, не сум баш толку лош“.
Факт е дека досега тенисот му оди подобро, но судејќи по тоа колку е успешен со напорните тренинзи би можел да стане и познат имитатор на звуци.