Мени

Новак и Јелена ќе стапнат на лудиот камен

21.09.2013 16:45 | KumanovoNews

Србинот Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер и неговата девојка Јелена Ристиќ решија да стапат во брак.

Новак и Јелена ќе стапнат на лудиот камен

Како што пренесуваат тениските портали свадбата би требало да биде организирана до крајот на наредната година.

Заедно сме осум години и планираме заедничка иднина. Еден на друг си даваме емотивна стабилност, која ни помага во нашите кариери“-изјавил тенисерот за “Tenis earth“.

Венавка ќе има сигурно, останува само прашање каде ќе биде одржано. Дали тоа ќе биде родниот крај на тенисерот или пак Монте Карло каде што и моментално живее младиот брачен пар.