Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во Дубаи не само што секојдневно го демонстрира својот врвен тенис, покажа дека е одличен и на подиумот за танц.
На забавата во Дубаи приредена од организаторите на тенискиот турнир Ѓоковиќ присуствуваше заедно со братот Марко и неколку пријатели, со кои повторно го заигра популарниот Гангам.
Пред тоа покаже дека одлично може да и парира и на една стомачна танчарка.
Ѓоковиќ пристигна расположен на забавата бидејќи претходно лесно со 6-0 и 6-3 го порази Италијанецот Андреас Сепи и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Дубаи.