Новата песна на Тоше Проески ќе ја слушнеме во петок
24.01.2013 10:44
| KumanovoNews
Ексклузивно, видеото со новата песна на Тоше Проески „Све је ово премало за крај“ ќе биде прикажано во петок, точно во 12 часот на www.onairmusic.mk

Фондацијата „Тоше Проески“ одлучи да ги заштити делата на починатиот пејач од секакви злоупотреби. Како ексклузивен сопственик на неговите дела, фондацијата склучи договор со канадската музичка компанија OnAir.FM.
Исто така OnAir.FM Macedonia ги известува фановите на Тоше Проески да не ги злоупотребуваат видео клиповите со преаплоадирање на разни youtube канали бидејќи со таков чекор само одмагаат кон целта да се зачува културното богатство кое зад себе го остави Тоше.