Новиот сингл на Еминем - Symphony in H
20.06.2013 07:46
| KumanovoNews
Наскоро ќе слушнеме нов сингл од Еминем, но истиот нема да се најде на неговиот долгоочекуван нов албум, првично закажан за крајот на месец мај, но веројатно ќе пристигне подоцна во текот на годинава.

Имено, деновиве беше претставен дел од новата песна насловена „Symphony in H“, која ќе се најде на претстојната компилација „PieceMaker 3: Return Of The 50 MCs“ на диџеј Тони Тач, закажана за 9-ти јули.
Новиот сингл потсетува на стилот од почетоците на популарниот Слим Шејди, а делот од песната можете да слушнете во продолжение.