×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавени документите од „FBI“ за Витни Хјустон

    07.03.2013 09:13 | KumanovoNews

    Досиејата на американското Федерално истражувачко биро, кои се објавени на интернет за покојната пејачка Витни Хјустон, покажуваат опсесивни писма од фанови како и обиди за уцени.

    Објавени документите од „FBI“ за Витни Хјустон

    На 128 страни кои се поставени на страната на „FBI“ некои од нив укажуваат на обид на еден од фановите да ја уцени пејачката, но не укажуваат на нови податоци за проблематичниот живот на легендарната пејачка, пренесуваат американските медиуми.

    Досието на Витни е отворено кога беше на врвот од кариерата помеѓу 1998 и 1999 година. Меѓу објавените документи се наоѓаат и љубовни писма кои и ги праќал обожавател од државата Вермонт.

    Исто така пејачката морала веднаш откако се омажи со музичарот Боби Браун, да плати 250.000 долари на еден од нејзините вработени кој и се заканувал дека во јавноста ќе објави детали од нејзиниот приватен живот, ако не му го исплати бараниот паричен износ.

    Витни Хјустон, позната по нежните балади како и по зависноста од дрога беше пронајдена мртва минатата година во својот хотел во Беверли Хилс. Надлежните велеа дека случајно се удавила во када откако консумирала кокаин.